Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски сподели дека од среда Бобан Николов ќе му се стави на располагање на Вардар.
Тој доаѓа во црвено-црниот табор како слободен играч откако го раскина договорот со романскиот тим Фарул Костанца.
За Вардар потпишува и аргентинското крило, Хоакин Торес кој минатата година играше во бразилската Серија Б, во тимот на Амазонас. А има настапи и во МЛС во тимовите на Филаделфија и Монтереал. Тој потекнува од школата на Њуелс Олд Бојс.






