недела, 14 декември 2025

Никола Серафимов е нов фудбалер на Левски (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен дефанзивец, Никола Серафимов од денеска и официјално е член на бугаркиот клуб, Левски.

Објавено на

часот

Сподели

Левски го потврди ангажманот на Серафимов кој таму доаѓа како слободен фудбалер откако со испаѓањето на Фехервар му завршија обврските кон унгарскиот клуб.

„Левски потпиша со Никола Серафимов. 26-годишниот дефанзивец стави потпис на договор до летото 2028 година“, стои во соопштението на бугарскиот клуб.

Серафимов потекнува од Вардар, во македонската лига настапуваше и за Пелистер, Брегалница и Академија Пандев од каде што замина во Унгарија, најпрво настапуваше за ЗТЕ, па потоа направи трансфер во Фехервар. Има и 22 настапи за македонската репрезентација и еден постигнат гол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ