среда, 7 мај 2025

Никола Јокиќ со нов трипл-дабл испиша нова историја, но Клиперс го освоија Денвер (ВИДЕО)

Никола Јокиќ утрово постигна нов трипл-дабл учинок, но тоа не беше доволно за неговиот Денвер да стигне до 2-0, ЛА Клиперс славеше со 102-105 и направи брејк во првата рунда од плејофот во НБА.

Објавено на

часот

Сподели

Никола Јокиќ испиша нова историја во НБА, откако во првиот натпревар имаше одлична партија со 29 поени, 9 скокови и 12 асистенции, српскиот центар утрово против ЛА Клиперс забележа нов трипл-дабл со 26 поени, 10 скокови и 12 асистенции.

Па тој стана само четвртиот кошаркар кој во првите два натпревари во постсезоната има бројки од 50+ поени, 20+ скокови и 20+ асистенции, претходно до ваков учиник имаат стигнато Расел Вестбрук, Џејмс Харден и Оскар Робертсон.

Сепак, ова не беше доволно за Денвер да поведе со 2-0 во серијата, ЛА Клиперс славеше со 102-105 и направи брејк.

Кави Ленард одигра врвен натпревар, со 39 поени, три скока и пет асистенции ги предводеше ЛА Клиперс до 1-1.

Серијата сега се сели во Лос Анџелес, третиот натпревар ќе се игра ноќта помеѓу четврток и петок во 3 часот наутро по наше време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ