четврток, 11 декември 2025

Никола Јокиќ ги објасни емоциите по победата на неговиот коњ (ВИДЕО)

Кошаркарската сезона е на пауза, но Никола Јокиќ повторно е во центарот на вниманието, причина е неговото хоби, трките со коњи.

Објавено на

часот

Сподели

Јокиќ покажа досега невидени емоции за него, на победата на неговиот коњ „Демон Дел’Ест“ се израдува повеќе отколку на шампионскиот прстен во НБА.

Поради неговата голема радост стана вирален на социјалните мрежи. Србинот во изјава за Арена ги објасни емоциите.

„Сум кажал и порано дека сите свои големи победи и сите свои големи порази ги имам доживеано во овој спорт. Сите луѓе кои со мене се занимаваат со овој спорт се мои пријатели, мои куќни пријатели. Сите тие ова го доживуваат исто како и јас. Сите ние ова го правиме од хоби и ова е еден повод да се забавуваме и да се дружиме во животот“, изјави Јокиќ.

Реакцијата на Јокиќ по победата на неговиот коњ е уште еден доказ дека Србинот ја сфаќа кошарката како работа, а коњите се неговата пасија и тие го прават среќен.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ