Нико Вилијамс е пред трансфер во Барселона, фудбалерот веќе го известил Атлетик Билбао дека се сели на Камп Ноу.
„Атлетик знае дека Нико Вилијамс решил следната сезона да игра во Барселона. Одлуката им е веќе пренесена и сите во клубот го знаат ова. Атлетик нема да му прави никаков проблем, но ќе бараат Барселона во целост да ја плати откупната клаузула“ – пренесе новинарот Еду Валеско во емисијата „Ел Чирингито“.
„Во Билбао се надеваат дека ќе можат да го убедат да остане, но одлуката е донесена и сега само прашање на време е кога Барселона ќе ја активира откупната клаузула“.
Како што пренесува Мундо Депортиво, откупната клаузула ќе биде активирана на 1. или 2. јули, „каталонците“ ќе платат сума од околу 62 милиони евра, односно 58 милиони евра, плус зголемените трошоци за живот поради инфлацијата.
Новинарот Нико Родригез пак вели дека фудбалерот заедно со својот тим веќе работи на видео со кое ќе се збогува од Атлетик Билбао.
ФОТО: X/Athletic Club