среда, 10 декември 2025

Никчевиќ дел од годишната Конференција на проектот „Играј одбојка, расти со неа“

Комесарката за натпреварување на Одбојкарската федерација на Македонија, Сања Никчевиќ учествуваше на годишната Конференција на проектот „Играј одбојка, расти со неа“, која се одржа во Букурешт, Романија и која имаше предзнак, завршна и опфати двегодишен циклус од имплементацијата на проектот.

Објавено на

часот

Сподели

Никчевиќ која воедно е проект-менаџер на дводневната Конференција учествуваше заедно со уште 34 претставници од националните Федерации кои функционираат под капата на Европската одбојкарска конфедерација која го спроведува проектот.

На проект-менаџерите и координаторите на проектот им беше претставен новиот едукативен материјал, кој како прирачник ќе биде дистрибуиран и ќе започне да се применува од новиот циклус, во септември.

Конференцијата со посебно внимание ја обработи темата за препознавање, механизмите за заштита и делување за превенција од секаков вид на насилство на децата од училишна возраст кои се во одбојката.

Никчевиќ беше дел од неколку работилници за решавање на придизвиците при имплементација на проектот и ефективен менаџмент, како и идеи за развој на проектот и формирање на стратегија како да се привлечат повеќе момчињата во одбојката, проблем со кој се соочуваат поголем дел од Федерациите вклучени во проектот.

Одбојкарската федерација на Македонија од 2018 година е партнер на ЦЕВ во проектот „Играј одбојка, расти со неа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ