среда, 10 декември 2025
Еуробаскет

Незапирливиот Јокиќ ја предводеше Србија до победа над Португалија, но се повреди Богдановиќ

Никола Јокиќ со нов дабл-дабл учинок ја предводеше Србија до триумф од 80-69 против Португалија, но загрижува повредата на Богдан Богдановиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Србија потешко од очекувањата славеше против Португалија, но остана со 100% учинок по првите две кола на Европското првенство.

Избраниците на Пешиќ тешко се одлепуваа, на средината од втората четвртина беше прилично тесно, но тогаш на сцена стапи Никола Јокиќ, кој постигна 13 поени во низа за предност на Србија од 50-35 во третиот период и помирен финиш на натпреварот.

Кошаркарот на Денвер натпреварот го заврши со нов дабл-дабл учинок од 23 поени и 10 скокови.

Но проблем за Србија може да биде повредата на Богдан Богдановиќ, кој се повлече од игра на крајот од првото полувреме, и не само што не се врати на теренот, го немаше ниту на клупата во продолжението од мечот.

ФОТО: X/FIBA EuroBasket

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ