недела, 14 декември 2025

Невреме предизвика голема штета на стадионот на Хајдук (ФОТО)

Градот Сплит беше погоден од силно невреме кое предизвика голема материјална штета и на стадионот на Пољуд каде што игра Хајдук.

Објавено на

часот

Сподели

На социјалните мрежи се појавија повеќе видеа од невремето во Сплит, а од Хајдук посочија дека настрадал покривот од стадионот, како и теренот кој е уништен и поплавен.

„Настрадаа и неколку канцеларии, внатрешниот дел на стадионот, а исто така останавме без струја. Предизвикана е голема материјална штета и детална проценка ќе направиме откако ќе се смири времето“, велат од тимот.

Видео може да погледнете на овој ЛИНК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ