петок, 27 февруари 2026

Невиден хаос во Порторико: Навивачи го „соборија“ Меси среде меч (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер Мајами го победија Индепендиенте дел Вале во пријателски натпревар (2-1) што се одигра во Порторико.

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, ова за домашната публика беше сè само не обичен фудбалски меч. Уште пред почетокот имаше хаос пред влезовите на стадионот, кој собира околу 20.000 навивачи, а поради тоа доцнеше и стартот околу еден час.

Потоа на теренот двете екипи настапуваа во црни дресови и тешко беше да се разликуваат играчите едни од други.

Најголемиот скандал на стадионот „Хуан Рамон Лубриел“ во Бајамон беше кога неколку навивачи успеаја да се симнат на теренот. Дел од нив се фотографираа и добија автограми од Меси, а еден само го прегрна и не го пушташе.

Дури, кога редарите го дофатија навивачот и го соборија, овој не го пушти, па и Меси заврши на тревникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ