Клубот Аркадаг е апсолутен феномен. Тимот кој постои едвај две години стигна до бројка која изгледа неверојатно дури и за најмоќните европски гиганти, 100 победи по ред во исто толку одиграни сердби од формирањето. Јубилејниот триумф пристигна со убедливи 7-1 против Мерв на стартот од новата сезона. Интересно е што тоа беше токму нивниот 100 натпревар во историјата, па бројките се поклопија на совршен начин.
Од самото формирање во 2023 година, Аркадаг не знае за поинаков исход освен победа. На тоа се додава и перфектен учинок во куп натпреварувањата, што ја прави оваа приказна уште поимпресивна. Сепак, надвор од границите на државата тимот има порази, а последно загуби двапати од Ал Наср во азиската Лига на шампиони.
На чело на клубот стои Гурбангули Бердимухамедов, кој е поранешен лидер на Туркменистан. По формирањето тој ги собра најдобрите играчи и практично нема конкуренција, ама често се зборува и за регуларноста на натпреварувањето.






