недела, 13 јули 2025
Прв пат пред домашната публика

Неверојатниот Дуплантис прескокна 6,28 метри и по 12. пат го собори светскиот рекорд (ВИДЕО)

Арманд Дуплантис продолжува да ги поместува границите, вечерва пред домашната публика во Стокхолм прескокна 6,28 метри и по 12. пат го собори светскиот рекорд во скок со стап.

Објавено на

часот

Сподели

Популарниот „Мондо“ со години нема конкуренција и се натпреварува сам со себе, а така беше и во Стокхолм на митингот од Дијамантската лига.

Тој денеска со леснотија од прва прескокна 5,60 метри, па 5,80 метри, па 5,90 и 6,00 метри.

Кога конкуренцијата испадна, Арманд Дуплантис веднаш ја помести летвичката на 6,28 и од прва постави нов светски рекорд, и тоа за прв пат пред домашната публика по што почна еуфорично да слави.

За триумфот во Стокхолм, тој ќе добие парична награда од 20.000 долари, како и додатни 100.000 долари за соборениот светски рекорд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ