четврток, 12 март 2026

Неверојатниот Дуплантис повторно постави светски рекорд (ВИДЕО)

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис по 15. пат постави светски рекорд во скок со стап, новата височина е 6,31 метар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На домашен терен, во Упсала, тој скокна 6,31 метри во својот прв обид. Светскиот рекорд тој го држи откако го симна од тронот Французинот, Рено Лавилени со 6,17 метри во 2020 година. Неговиот претходен рекорд датира од септември кога ја освои светската титула во Токио. За првпат, Швеѓанецот го сруши својот светски рекорд на домашен натпревар, Мондо Класик одржан во Упсала. Тоа предизвика овации од публиката, па Дуплантис истрча победнички круг, обвиен со шведското знаме.

„Ова е мојот дом. Ова е нашиот дом. Така е. И знаете дека секој пат кога сум на патеката, ве претставувам. И го правам тоа со голема гордост. Многу сум горд што можев да го направам тоа пред вас. Скокам за себе, скокам за моето семејство, но скокам и за вас, за Шведска и за сите што ме поддржуваат“, рече популарниот Мондо.

Норвежанецот Сондре Гутормсен (6,00 м) беше единствениот друг натпреварувач кој прескокна 6 метри на ова натпреварување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ