недела, 7 декември 2025
Никогаш не треба да се откажувате од сонот

Неверојатна фудбалска приказна: Продавал колачиња на улица, а сега ќе игра покрај Лео Меси! (ФОТО)

Лионел Скалони го објави составот на Аргентина за пријателските натпревари против Венецуела и Порто Рико, а најголемо внимание привлекува 21 годишниот дефанзивец Лаутаро Риверо.

Објавено на

часот

Сподели

„Гаучосите“ успешно ги завршија квалификациите за мундијалот во САД, па следниот период ќе го искористат да тестираат фудбалери и да ја темпираат формата.

Овој месец Аргентина ќе игра пријателски натпревари против Венецуела и Порто Рико, а Лионел Скалони реши шанса да им даде на неколку новајлии.

Најголемо внимание привлекува 21 годишниот дефанзивец Лаутаро Риверо, кој има интересна приказна.

Тој како тинејџер продавал колачиња на улица со цел да помогне на семејството, продавал и цвеќиња, книги и тефтери, но никогаш не се откажал од сонот да стане фудбалери.

Во сезоната 2024/25 ќе импресионира на позајмица во Сентрал Кордоба, па Ривер Плата експресно ќе го врати во својот состав и ќе му даде шанса.

Добрите партии му донесоа и повик од Лионел Скалони, па Лаутаро Риверо ќе игра покрај Лео Меси, Лаутаро Мартинез, Енцо Фернандез, Алексис Мекалистер, Хулијан Алварез и останатите ѕвезди на Аргентина.

ФОТО: fb/Selección Argentina in English

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ