среда, 7 јануари 2026

Неверојатен потег на Гарсија, турна соиграч за да блокира шут на противникот (ВИДЕО)

Жоан Гарсија беше прогласен за играч на натпреварот на мечот меѓу Еспањол и Барселона, тој правеше чуда на голот, а еден негов потег посебно беше ненормален.

Објавено на

часот

Сподели

Минатото лето Гарсија од Еспањол се пресели во Барселона, па вчера имаше жесток пречек на старото место.

Фановите на Еспањол фрлаа пари со неговиот лик, го нарекуваа предавник, но тоа како дополнително да го мотивираше.

Барса го доби мечот со 2-0 со два гола во финишот, но не прими гол благодарение на Гарсија кој имаше повеќе фантастични интервенции.

Најлудата е кога го турна својот соиграч Жерар Мартин за да блокира шут на противникот, му успеа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ