недела, 11 јануари 2026

Неверојатен меч: Тренто и Јакимовски победија по само четири минути

Кошаркарите на Трапани направија вистинско шоу во натпреварот против Тренто од Првата италијанска лига.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски и неговите соиграчи на крајот службено го добија натпреварот (0-20), откако водеа со 11-26 по четири минути и 11 секунди, а тогаш беше свирнат крај. Причината за прекинот беше бизарна.

Екипата на Трапани броеше само седум кошаркари, од кои едниот се жалеше на болест на клупата, а останатите од првата секунда правеа фаули за да добијат исклучување. Тоа се случи по четири минути, па судиите немаа избор и го завршија натпреварот.

Причината за такво нешто се финансиските проблеми на Трапани, меѓутоа и со таквиот потег со сигурност ќе навлечат високи казни.

Јакимовски собра најмногу поени, бидејќи по четири минути имаше 12.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ