среда, 11 февруари 2026

Неверојатен меч на Вембањама, Сан Антонио го победи Лејкерс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Сан Антонио одиграа фантастичен натпревар против Лос Анџелес Лејкерс и победија со убедливи 136-108, главна ѕвезда беше Виктор Вембањама.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вембањама постигна 40 поени, а дури 37 поени од нив беа во првото полувреме. Имаше и 12 скокови и четири блокади како потврда за неговата доминација.

Во првото полувреме Лејкерс прими дури 84 поени, што е нивна најлоша статистика во клупската историја, тоа им се случил првпат по 6.138 натпревари.

Лејкерс на овој натпревар настапи без двете најголеми ѕвезди, Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, а во нивно отсуство најефикасни беа Лук Кенард и Дру Тајми со по 14 поени.

Резултати:

Њујорк – Индијана 134-137
Хјустон – ЛА Клиперс 102-95
Феникс – Далас 120-111
ЛА Лејкерс – Сан Антонио 108-136

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ