Македонскиот напаѓач уште во втората минута на гостувањето кај шампионот Ријека реализира со глава за 0-1. Во продолжението тој изнуди и црвен картон. За Нестор ова е петти погодок во Првата лига на Хрватска оваа сезона.
На крајот натпреварот заврши без победник, откако Ријека двапати се враќаше од негатива (2-2).






