петок, 27 февруари 2026

Несторовски донесе победа за Славен Белупо (ВИДЕО)

Славен Белупо со 1-0 ја совлада Истра, а единствениот гол на мечот беше дело на македонскиот напаѓач, Илија Несторовски.

Објавено на

часот

Сподели

Несторовски кој беше стартер на овој натпревар, голот го постигна во 64. минута. Тогаш начека една асистенција од Дабро и без големи проблеми ја смести топката во мрежата на противникот.

Несторовски настапи до 87. минута и беше најдобро оценет играч во тимот на Славен Белупо.

За Несторовски ова беше шести гол во првенството оваа сезона, има и три асистенции. Тој има вкупно 39 голови во најдобрата хрватска лига во 75 настапи.

90 минути на овој меч одигра Леонард Жута кој постигнуваше голови на претходните мечеви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ