понеделник, 8 декември 2025

Несреќа повторно ја следи Барселона, Флик остана без двајца важни играчи

Продолжуваат главоболките за Ханси Флик, тренерот на Барселона остана и без Рафиња и без голманот Жоан Гарсија.

Објавено на

часот

Сподели

Лоши вести за „каталонците“ по триумфот над Овиедо, се повредија нови двајца важни играчи.

Рафиња уште синоќа при замената сугерираше дека чувствува нешто во ногата, а деталните тестови покажале повреда на задната ложа.

Се шпекулира дека Бразилецот ќе паузира две до три недели, и ќе се врати дури по паузата за настап на репрезентациите во октомври.

Повреда има и голманот Жоан Гарсија, кој исто така ќе ги пропушти следните три натпревари – против Реал Сосиедад, ПСЖ и Севиља – и се очекува да се врати во тимот по паузата.

Барселона од претходно ги загуби Фермин Лопез и Гави, а малку добри вести се тоа што Ламин Јамал и Алехандро Балде се пред враќање во тимот.

ФОТО: X/FC Barcelona

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ