понеделник, 13 април 2026

Непријатна сцена: Фудбалер на Струга итно префрлен во болница (ВИДЕО)

На мечот меѓу Струга и Тиквеш кој заврши со победа на гостите од 2-1, се случи една вознемирувачка сцена кога се повреди Сенегалецот, Папе Фал.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалерот на домаќините некаде пред истекот на еден час игра во еден дуел со противнички играч незгодно падна. Сцената на снимката изгледаше навистина застрашувачки, Фал во тие моменти стана и го продолжи натпреварот.

Сепак, неколку моменти подоцна мораше да му биде укажана помош, а на теренот влезе и возилото на итната помош со која веднаш беше пренесен во болница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ