Како што објави португалскиот „Рекорд“, таа тврди дека додека работела во домот на славниот фудбалер била изложена на исклучително тешки услови за работа.
Според нејзините наводи, работела и по 16 часа дневно, од 7 часот наутро до 23 часот навечер, при што морала да подготвува храна за повеќе од 150 луѓе.
Како што тврди, нејзините обврски не се сведувале само на готвење. Готвачката наведува дека често морала да носи парчиња месо тешки и до 10 килограми, како и тешка кујнска опрема, што дополнително го зголемувало физичкиот напор.
Таа исто така тврди дека работела без слободни денови и во текот на работната недела и за време на викендите. Според нејзините зборови, ваквото темпо на работа со текот на времето довело до здравствени проблеми, особено со грбот и колковите.
Поради сето тоа, сега бара Нејмар да ги покрие нејзините медицински трошоци, да ѝ обезбеди финансиска помош за издржување, како и да ѝ исплати 43.000 евра отштета за неплатени прекувремени часови.






