По поразот во Португалија сега скопскиот тим сака одмазда против истиот ривал, а победата е многу важна за пласманот во плеј-офот. За средбата со Бенфика неизвесен беше Јака Малус, меѓутоа Словенецот се најде во ростерот на вардарци за овој натпревар.
Тренерот Иван Чупиќ освен него ги одбра и Мамаду Кеита и португалскиот голман кој најдобро го познава ривалот Мигел Еспиња за оваа средба, а тие двајца не беа дел од тимот на мечот со Мелсунген.
Натпреварот меѓу Вардар и Бенфика се игра вечерва во терминот од 20:45 часот.






