четврток, 22 јануари 2026

„Не сум играл против посилна селекција од Данска“

Македонските ракометари не можеа да се носат со моќната селекција на Данска која е главен фаворит за освојување на Европското првенство, загубивме со 12 голови разлика на стартот од шампионатот.

Објавено на

часот

Сподели

Павле Атанасијевиќ вели дека тој досега не играл против посилен ривал од Данците.

„Не сум играл против посилен ривал од оваа репрезентација на Данска. Главната сила на противникот беше во нивната полуконтра, брз центар и ни ја казнуваа секоја грешка. Без разлика на денешниот пораз, мислам дека сите сме подготвени, помина дуелот со Данска и можеме да се насочиме на она што следува на првенството, пред се дуелот против Португалија кој е клучен за нас“, рече Атанасијевиќ.

Следниот предизвик на Македонија е веќе во недела кога ќе се сретнеме со селекцијата на Португалија. Тој меч се игра од 18 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ