среда, 4 март 2026

„Не гледам како Ѓоковиќ може да ги победи Алкараз и Синер“

Пред почетокот на првиот грен-слем турнир за 2026 година, Австралија опен, поранешниот австралиски тенисер, Пет Кеш е скептик дека Новак Ѓоковиќ може да триумфира.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој не верува дека Ѓоковиќ може да победи некој од Алкараз или Синер.

„Реалноста е дека ќе му треба Алкарас и Синер да ‘отпаднат’. Не гледам како може да ги победи двајцата по ред, во мечеви на три добиени сета. Тоа е неговиот најголем проблем. Може да дојде далеку, но тогаш веројатно ќе се појави веќе познатиот проблем“, изјави поранешниот шампион на Вимблдон.

Сепак тој вели дека Ѓоковиќ и понатаму може да игра тенис на највисоко ниво и верува во добар турнир на Србинот.

„Новак и понатаму може да игра навистина феноменално. Секогаш наоѓа решенија за проблемите. Ќе биде многу интересно да се види како ќе помине на Австралијан опен“, заклучи тој.

Во моментов на Австралија опен се играат квалификациите, а главниот турнир почнува од 18 јануари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ