понеделник, 23 март 2026

НБА му ја поништи последната техничка грешка, Дончиќ нема да биде суспендиран

Дисциплинската комисија на НБА ја поништи последната техничка грешка на асот на Лос Анџелес Лејкерс која ја доби во саботата вечер на мечот против Орландо.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа требаше да биде 16. техничка грешка за словенечкиот кошаркар оваа сезона, што автоматски значеше дека ќе биде суспендиран за еден натпревар.

Сепак, франшизата од Лос Анџелес веднаш поднесе жалба, која очигледно беше уважена. Ова значи дека Дончиќ ќе биде во тимот за натпреварот против Детроит кој е од исклучително значење за Лејкерс затоа што екипата е во серија од девет победи, а ќе игра против најдобриот тим на Истокот.

Дончиќ доби техничка гршка поради вербален дуел со противничкиот кошаркар Гога Битадѕе. Словенецот тврдеше дека играчот на Орландо му ја пцуел фамилијата, но Битадѕе демантираше дека кажал нешто такво, туку само му вратил на Дончиќ за навредите на негова сметка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ