Диего Симеоне синоќа сакаше да се тепа со еден навивач на Ливерпул, кој го испровоцира тренерот на Атлетико Мадрид по голот на Ван Дајк за 3-2 во 92. минута од натпреварот.
Аргентинецот рече дека неговата постапка не била исправна, но реагирал поради навредите кои ги добил.
Навивачот на Ливерпул, кој е идентификуван како Џонатан Полтер утрово се огласи на социјалните мрежи за да појасни дека не навредувал на расна основа, ниту пак ја спомнал Фолкландската војна (помеѓу Аргентина и Обединетото Кралство).
Но тој и пред 10 години имал испад на трибините, поради кој бил суспендиран на три години и забрана за присуство на фудбалски натпревар.
Во 2015, на прошталниот натпревар на Стивен Џерард на Енфилд, настанала расправија поради поставен транспарент, кој го попречувал видикот на навивачите во инвалидска количка, а Џонатан Полтер користел навреди и заканувачки тон кон еден постар човек и неговата жена со попреченост.






