Пред арената во текот на денот беше отворена и книга на жалост, а навивачите ќе можат да се потпишат во сабота од 11 до 16 часот. Целата Арена пред натпреварот против Жалгирис, во претпоследното коло од Евролигата, му оддаде почит на најтрофејниот тренер на црно-белите.
По претставувањето на играчите, на големото платно беше прикажан краток филм за Душко Вујошевиќ. Во тој момент, навивачите ја осветлија најголемата сала во Србија. Сè изгледаше многу емотивно, толку многу што луѓето во Арената не можеа да ги сокријат солзите и тагата поради големата загуба…
🤍 UNBELIEVABLE SCENES IN BELGRADE
Timeless Duško Vujošević | @PartizanBC pic.twitter.com/b2jkf72UUV
— EuroLeague (@EuroLeague) April 10, 2026
🕊️🖤🤍
VUJOŠEVIĆ DULE!🙏🏽🖤🤍#KKPartizan #EuroLeague pic.twitter.com/QdQw7Sirdk
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) April 10, 2026
Следеше неофицијалната химна на Партизан, а пред почетокот на самиот натпревар, беше одржана минута молчење за да му се оддаде последна почит на Вујошевиќ.






