вторник, 16 декември 2025

Навивачите на Јагелонија сакаат Чурлинов да се врати, го скандираа неговото име (ВИДЕО)

Полскиот клуб Јагелонија синоќа со 3-0 славеше над Динамо од Тирана во првиот плејоф натпревар за пласман во главната фаза од Конференциската лига, но за нас интересен е еден друг момент од овој натпревар.

Објавено на

часот

Сподели

Имено, навивачите на Јагелонија во еден момент го скандираа името на нашиот Дарко Чурлинов кој минатата сезона настапуваше за овој клуб како позајмен играч од Барнли.

Тие имаа направено и банер за Чурлинов со кој го повикуваа назад во клубот.

Претходно и претседателот на Јагелонија потврди дека постојано е во контакт со Чурлинов и дека Македонецот сака да се врати во клубот.

Иднината на Чурлинов уште е неизвесна, но реални се шансите тој да се врати во Јагелонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ