Сампдорија минатиот месец за прв пат испадна во трета лига, па навивачите на Џенова излегоа на улица и славеа со труби, огномет и пиротехника, дури и го погребаа лутиот градски ривал.
Популарните „Доријани“ неочекувано добија шанса за опстанок во Серија Б откако згасна Бреша, па ќе играат бараж против Салернитана.
Првиот натпревар се игра на 15. јуни на „Луиџи Ферарис“ додека пак реваншот е на 20. јуни во Салерно.
За да имаат што е можно поголема поддршка од трибините, Сампдорија постави симболични цени на билети од 2,5 евра, 5 евра и 10 евра.
Ова се покажа како нова шанса за навивачите на Џенова да се мајтапат, па тие почнале на големо да купуваат билети за Сампдорија да игра пред празни трибини.
И не само тоа, билетите ги купувале со апсурдни имиња како Диего Милито (поранешен напаѓач на Џенова), Масимо Фереро (поранешниот претседател на Сампдорија, Габриеле Гравина (претседател на Фудбалската федерација на Италија), Мбаје Нианг (играчот кој имаше големо промашување во последното коло), како и многу други актуелни и поранешни фудбалери на Сампдорија.
Сепак, огромната побарувачка на билети ги алармирала раководните луѓе на Сампдорија дека се подготвува нешто, па тие почнале да ги „чешлаат“ сите продажби и да ги откажуваат билетите купени со апсурдни имиња.
ФОТО: X/Genoa CFC