четврток, 22 мај 2025
Контроверзен момент при поништениот гол на Фермин Лопез

Навивачите на Барселона бесни, од ВАР собата се слуша мистериозно „фала му на Бога“ (ВИДЕО)

Мистериозно „фала му на Бога“ од ВАР собата при поништениот гол на Фермин Лопез покрена голема полемика по крајот на „Ел Класико“ пресметката помеѓу Барселона и Реал Мадрид, која заврши со победа на домаќините од 4-3.

Објавено на

часот

Сподели

Барселона синоќа по петти пат оваа сезона славеше против Реал Мадрид, со 4-3 ја доби пресметката на „Монжуик“ во рамките на 35. коло во Ла Лига, и направи огромен чекор кон освојување на титулата.

На натпреварот имаше неколку спорни моменти, еден од нив е голот на Фермин Лопез во 95. минута, фудбалерот од средниот ред по една соло акција реализираше за 5-3.

Но славјето на домаќините беше прекинато по реакција на ВАР собата, Мартинез Мунуера го повика Ернандез Ернандез да ја прегледа снимката поради играње со рака на Фермин Лопез, а главниот судија ја прифати сугестијата и го поништи погодокот.

По крајот на натпреварот, Фудбалската федерација ја објави аудио снимката од разговорот помеѓу судиите, а навивачите на Барселона се бесни поради тоа што се појави едно мистеризно „фала му на Бога“.

Мартинез Мунуера: „Слушаj Алекс, приметивме играње со рака, те молам да погледнеш“.

Непознат глас: „Фала му на Бога. Да, да, апсолутно“.

Ернандез Ернандез: „Океј, перфектно. Пушти, да топката го удира во рака. Дај ми поширок агол за да ја видам целата акција, од почеток до крај. Океј, перфектно, јасно е дека игра со рака. Ќе го поништам голот“.

Делот „Фала му на Бога“ може да се толкува на илјади начини и не се најде во официјалниот транскрипт и превод на ФФШ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ