Навас пет години го носеше дресот на Реал Мадрид. Барселона му се јавила пред да го ангажира Војчех Шчесни поради повредата на Тер Штеген.
„Точно е, тие му се јавија на мојот агент. Јас бранев за нивниот најголем ривал, отсекогаш се гледав „бел“, но убаво е што тие се интересираа за мене, тоа е комплимент“, вели Навас.
„Доколку Флорентино Перез (претседателот на Реал) ми се јавеше наместо Барселона, пливајќи ќе дојдев“.
Тој потенцира дека не сакал да замине од Реал Мадрид, а новинарот кој му правеше интервју ја потенцираше фразата на Навас кој тогаш кажа: „Сакав да заминам, исто колку што сакам и да умрам“.
„Овие одлуки не ги правите со вашето срце, туку со фудбалскиот ум. Го напуштив Мадрид бидејќи немав минути, сакав да бранем, и друг тим ми го даде тоа. Ако носев одлука со срцето, тогаш целата кариера ќе ја поминев во Реал Мадрид“.