недела, 13 јули 2025

Наставник од основно ѝ даде гол на Бока на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Оукленд Сити направи вистинска сензација откако одигра 1-1 со Бока јуниорс, а овој ден ќе биде незаборавен за настаникот Кристијан Греј кој го постигна голот за тимот од Нов Зеланд.

Објавено на

часот

Сподели

Оукленд Сити е полуаматерски клуб од Нов Зеланд кој е дел од Светското клупско првенство затоа што требаше да има клуб и од Океанија.

Голем дел од фудбалерите на овој клуб не се професионални играчи, тие имаат и други професии кои ги работат паралелно со фудбалот.

Наставникот во основно училиште, Кристијан Греј ќе вечно ќе го памети мечот со Бока јуниорс, постигна гол кој значеше бод за тимот.

Тоа беше вистинска сензација со оглед на тоа што Бока во првите два меча служеше за подобрување на гол разликата, особено нивната инфериорност беше видлива на мечот со Баерн Минхен кој го загубија со 10-0. Па ремито со аргентинскиот тим е шокантно.

Наставникот Греј за да игра на Светското клупско првенство побарал неплатен одмор од работа. Никогаш нема да зажали за тоа, напротив сега има приказна која ќе ја прераскажува до крајот на животот.

Фото: X/FIFACWC

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ