среда, 11 јуни 2025

Наполи одреди специјална цена за лутиот ривал Јувентус: Осимен може во Торино само за 100 милиони

Медиумите од Италија пренесуваат дека првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е подготвен да седне на маса со Јувентус и да договори трансфер на Виктор Осимен, но само доколку добие предлог тежок 100 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус сака да го замени Душан Влаховиќ со Виктор Осимен и „старата дама“ зад сцената работи со агентите на напаѓачот да се креираат услови за реализирање на зделката.

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис преферира продажба во странство, но доколку не пристигнат соодветни понуди, подготвен е да седне на маса со колегите од Јувентус.

Сепак, тој има еден услов за продажба на Виктор Осимен во Торино – бара 100 милиони евра.

Со вакви бројки, трансферот на Виктор Осимен ќе биде поголем од оној на Гонзало Игуаин, кој во 2016 изврши предавство и го замени Наполи со Јувентус во зделка вредна околу 90 милиони евра.

Се шпекулира дека Јувентус во моментов е подготвен да одвои 80 милиони евра за ангажман на Виктор Осимен, па останува да се види дали ќе биде пронајден компромис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ