Наполи тргна во офанзива по потписот на Елиф Елмас, доставена е првата понуда до РБ Лајпциг.
Како што пренесува новинарот Матео Морено, актуелниот шампион на Италија нуди 1,5 милиони евра за позајмица на Македонецот, а ќе ја покрие и целата негова плата оваа сезона.
„Наполитанците“ исто така сакаат опција во целост да го купат Елиф Елмас за додатни 11,5 милиони евра.
Останува да се види дали ова ќе биде доволно за РБ Лајпциг да даде зелено светло за враќање на Елиф Еламс во Наполи.
ФОТО: X/RB Leipzig






