И покрај тоа што имаше побогати понуди од Саудиска Арабија и САД, Де Брујне реши да продолжи да игра фудбал на највисоко ниво и го одбра Наполи како негова следна дестинација.
Искусниот фудбалер потпиша двегодишен договор со Наполитанците со можност за продолжување на уште една сезона.
Наполи ќе биде шести клуб во кариерата на Де Брујне. Сè започна во Генк, а потоа следуваа трансфер во Челзи, позајмици во Генк и Вердер, блесокот во Волфсбург и златната ера во Манчестер Сити. На „Итихад“ беше мозокот на тимот, го водеше Сити до бројни титули и стана вистинска клупска икона.