сабота, 12 јули 2025
Доби големи критики за остриот старт

Напаѓачот на Челси влезе и по 4 минути ќе му скршеше нога на противник: Неверојатно глупав потег (ВИДЕО)

Напаѓачот на Челси, Николас Џексон успеа да поцрвено по само четири минути игра откако истрча на теренот на синоќешниот дуел против Фламенго, со остар старт ќе му скршеше нога на противничкиот фудбалер Лукас Аиртон.

Објавено на

часот

Сподели

Фламенго синоќа со голем пресврт во второто полувреме успеа да го совлада Челси со 3-1 на Светското клупско првенство.

Во црни шест минути, „сините“ примија два гола и останаа со играч помалку откако Николас Џексон беше исклучен поради опасен старт.

Напаѓачот влезе во игра во 64. минута при резултат 1-1, но наместо да помогне, ги остави соиграчите на цедило кога со отворен ѓон стартуваше врза Лукас Аиртон и малку фалеше да му скрши нога.

„Ова е неверојатно глупав, глупав, глупав потег“ – рече легендата на Челси, Џон Оби Микел, кој како стручен коментатор го работеше натпреварот за ДАЗН.

„Не знам што му се врти низ главата. Влегуваш во игра, твојот тим губи со 2-1 и наместо да помогнеш, го правиш тоа“.

„Слично нешто направи и против Њукасл, на многу важен натпревар во битката за место во Лигата на шампиони“.

„Не може да прави вакви грешки. Не ме интересира колку многу е фрустриран, ова е голем клуб, ова е Челси. Ако го нервира тоа што Делап ќе му биде конкуренција, не треба да се однесува вака. Ако е голем играч, мора да ја прифати конкуренцијата, така сите заедно напредуваат“.

„Ако не прифаќа конкуренција и сака да биде единствениот напаѓач во клубот, така не може. Мора да се има здрава конкуренција. Ако не е подготвен за ова, тогаш не треба да биде во Челси“.

Николас Џексон веднаш им се извинил лично на соиграчите и тренерот, а истото го стори и со долг пост на социјалните мрежи.

„Сакам да се извинам. На клубот, персоналот, тренерот, соиграчите и на сите навивачи кои не гледаа – ве разочарав“ – напиша голгетерот.

„Уште еден црвен картон… па искрено премногу сум лут самиот на себе. Секој ден работам напорно за да му помогнам на тимот и да не се најдеме во ваква ситуација. Се уште не разбирам како се случи, но една работа е јасна, немав никаква намера“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ