недела, 7 декември 2025

Наковски Волеј со убедлив триумф над Јанта Волеј

Одбојкарките на Наковски Волеј радуваа со максимални 3:0 (25:19, 25:23, 25:18) над шампионот Јанта Волеј во дербито од петтото коло од Првата лига жени.

Објавено на

часот

Сподели

Македонските претставници во европските клупски купови понудија интересен натпревар, во кој домаќинот беше поконкретен и подисциплиниран во теренот. Пред својата публика струмичанки стигнаа до важни три бода, со кои истовремено ја продолжуваат и победничката низа во домашното првенство. За одбојкарките на Јанта, пак, ова е прв пораз во шампионатот сезонава.

Вардар ЕМ, пак, оствари значајна победа од 3:2 на гостински терен над Струмица Жени. „Црвено-црните“ имаа негатива од 0:2, но најдоа начин како да одговорат на играта на противникот и тоа во моментите кога беше најпотребно и со пресврт и на разлика 16:14, стигнаа до втората победа сезонава.
Втора победа во низа запишаа Газели Волеј во соочувањето со градскиот ривал Фит Фан Волеј, 3:0, со која фаќаат победнички ритам.
Младост УГД немаше проблеми во мечот против Ускана.
Петтото коло кај дамите ќе биде заокружено утре кога се соочуваат Работнички Скопје и Пелистер Волеј.

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ, 5. КОЛО
МЛАДОСТ УГД – УСКАНА 3:0 (25:15, 25:12, 25:14)
НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ЈАНТАВОЛЕЈ КВ 3:0 (25:19, 25:23, 25:18)
ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ 0:3 (16:25, 20:25, 16:25)
СТРУМИЦА ЖЕНИ – ВАРДАР ЕМ 2:3 (25:18, 25:20, 17:25, 20:25, 14:16)
РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ 10.11.2025 17:00ч.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ