Шампионот Јанта Волеј КВ, пак, по голема борба во пет сета го победи Младост УГД во второто дерби од ова коло. Триумфот не беше важен само во трката по бодови, истовремено одбојкарките на Јанта се реваншираа за елиминацијата во четвртфиналето од Купот на ОФМ 2026 пред три дена во Штип. Дуелот кој траеше безмалку три часа прво навестуваше дека шампионот ќе стигне до максимална победа, со оглед на водството од 2:0 во сетови. Но, потоа донесе пад во играта на домашниот тим и многу посериозна иницијатива во редовите на Младост УГД, која резултираше со 2:2 и тај-брејк во кој се реши натпреварот. Среќата и концентрацијата беа на страната на Јанта Волеј, додека Младост УГД мораше да се задоволи со еден бод, со кој сега се изедначува на табелата со второпласираниот Работнички Скопје.
Во скопското соочување Газели Волеј со пресврт стигнаа до победа од 3:1 над Вардар ЕМ, додека со истиот резултат Струмица жени славеше на гостувањето кај Ускана. Интересен момент од овој меч е што Ускана, која е последнопласирана на табелата и со сигурност ќе го загуби прволигашкиот статус во следната сезона го овои првиот сет во оваа. Пелистер Волеј со исклучок на првиот сет немаше посериозни проблеми во соочувањето со Фит Фан Волеј.
ПРВА ЛИГА ЖЕНИ, 16. КОЛО
Јанта Волеј КВ – Младост УГД 3:2 (25:13, 25:18, 22:25, 14:25, 15:13)
Наковски Волеј – Работнички Скопје 3:0 (25:17, 25:22, 25:16)
Ускана – Струмица жени 1:3 (14:25, 26:24, 15:25, 13:25)
Пелистер Волеј – Фит Фан Волеј 3:0 (26:24, 25:15, 25:16)
Вардар ЕМ – Газели Волеј 1:3 (25:20, 21:25, 14:25, 19:25)
Во машката Прва лига се одиграа натпреварите од седмото коло во плејоф, односно плејаут лигата. Специфичен момент е што на сите натпревари победниците беа одлучени по четири сета.
Градското дерби во плејаут фазата и припадна на Шкендија, која со 3:1 ја победи Лирија.
Во некомплетната плејоф фаза каде дерби дуелот меѓу ланските финалисти Струмица и Штип УГД ќе се игра в понеделник, Борец и Работнички 71&22 очекувано запишаа победи над Сушево, односно Универзитет во Тетово.
ПРВА ЛИГА МАЖИ, 7. КОЛО
ПЛЕЈОФ ФАЗА
Борец – Сушево 3:1 (25:13, 23:25, 25:17, 25:21)
Работнички 71&22 – Универзитет во Тетово 3:1 (25:13, 25:21, 19:25, 25:15)
Струмица – Штип УГД (09.03.2026) 20:00ч.
ПЛЕЈАУТ ФАЗА
Весна Пробиштип – Јанта Волеј 3:1 И22:25, 25:14, 25:11, 25:23)
Македонија Џио – Скопје 1:3 (25:22, 18:25, 19:25, 16:25)
Шкендија – Лирија 3:1 (25:19, 25:27, 25:13, 25:15)






