вторник, 15 јули 2025
„Кралевите“ одвоија речиси 20 милиони плус за да ја добијат битката со ПСЖ

Најскапиот трансфер во Аргентина: Реал плати 63 милиони за талентираниот Мастантуоно

Реал Мадрид го потврди ангажманот на младиот Франко Мастантуоно, „кралевите“ ќе платат дури 63,2 милиони евра за реализирање на зделката, која ќе биде најголемиот трансфер во Аргентина.

Објавено на

часот

Сподели

„Кралевите“ успеаја да ја добијат битката со ПСЖ за перспективниот Франко Мастантуоно, младото момче на 14. Август ќе пристигне во Мадрид и ќе се обврзе на договор до 30. јуни 2031 година.

Ривер Плата ги откри деталите од зделката и откри дека Реал ќе плати дури 63,2 милиони евра, што ќе биде најголемиот трансфер во Аргентина.

Популарните „милионери“ ќе добијат нето 45 милиони евра, колку што изнесуваше откупната клаузула на Франко Мастантуоно.

Останатите средства се распределуваат на следниов начин:

11,8 милиони евра – За шпанските даночни власти,

1,4 милиони евра – За Здружението на фудбалери,

0,9 милиони евра – За структурните фондови на АФА,

3,6 милиони евра – Според одлука 510/2023,

0,5 милиони евра – За разни административни и други надоместоци.

ФОТО: X/River Plate

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ