петок, 11 јули 2025

Најскапиот голман во светот напрви изненадувачки трансфер во Арсенал за само 5 милиони

Арсенал попладнево го комплетираше трансферот на Кепа Аризабалага од Челси во зделка вредна околу 5 милиони фунти.

Објавено на

часот

Сподели

Кепа Аризабалага е првото засилување за Микел Артета за сезоната 2025/26, голманот пристигнува од градскиот ривал Челси.

Детали од зделката не се откриваат, но голем број извори пренесуваат дека „топчиите“ платиле околу 5 милиони фунти.

Кепа Аризабалага во 2018 се пресели на „Стемфорд Бриџ“ во трансфер вреден околу 72 милиони фунти (околу 80 милиони евра), што преставува рекордна сума за еден голман.

Разликата помеѓу парите инвестирани во негов ангажман (72 милиони фунти), и парите сега добиени од продажба (5 милиони фунти) се огромни, но Челси во сметководствените книги ќе искаже добивка со оглед на тоа дека вредноста на голманот е амортизирана.

„Навистина сум среќен што пристигнав тука, со нетрпение чекам да ја почнам авантурата. Арсенал има огромни амбиции, кога разговарав со Артета веднаш дознав колку е голема желбата за победи. Мислам дека малку фали за да се освои трофеј, и се надевам дека заедно ќе успееме да го сториме тоа“ – вели Кепа Аризабалага за преселбата во Северен Лондон.

ФОТО: X/Arsenal

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ