недела, 14 декември 2025

„Најк“ потпиша договор со осумгодишно дете

Големите спортски брендови потпишуваат договор со се помлади спортисти со цел да не им избегаат кај конкуренцијата, последниот таков потег го направи „Најк“ кој потпиша со осумгодишен фудбалски талент од Бразил.

Објавено на

часот

Сподели

Бразилското чудо од дете се вика Натанзињо. Тој минатата сезона постигна 18 голови и беше најдобар стрелец во државното првенство за деца до осум години, на престижниот „Иберкуп“ во Рио успеа да даде уште 11 погодоци и да биде избран за најдобар играч.

„Најк“ има големи очекувања од овој мал фудбалер, па побрза навреме да го обезбеди неговиот потпис.

Оваа не е прв таков потег на оваа компанија, тие пред четири години потпишаа со Каун Басиле кој исто така имаше осум години. Денеска има над 1,7 милион следбеници на Инстаграм и се појавува во кампањи со Нејмар.

Сепак потпишувањето со така мали фудбалери може да биде меч со две острици бидејќи многу играчи кои како деца се суперталенти, не успеваат тоа да бидат и во сениорскиот спорт.

Таков е примерот со Јусуфа Мукоко кој како 14-годишен фудбалер потпиша со „Најк“, но сега наместо во елитниот фудбал игра за Копенхаген.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ