Откако Николче Новески излезе со изјава против Ангеловски, сега тоа го прави и Илија Најдоски.
Овие реакции се предизвикани од утринското повторно излагање на Ангеловски против Масар Омерагиќ и ФФМ.
„Начинот на кој Ангеловски повторно настапува само потврдува дека со години бил фактор што ја нарушува атмосферата околу репрезентацијата. Истото го гледавме и во периодот кога селектор беше Благоја Милевски, кога наместо поддршка имаше постојани опструкции, коментари и обиди за влијание. Таквото однесување не ѝ помогна ниту тогаш, а уште помалку ѝ помага сега на Македонија“, вели Најдоски.
„Во моменти кога е потребна јасна поддршка и заедничка енергија, некој повторно избира лични битки и рушење на атмосферата. Репрезентацијата е над секој поединец и мора да остане така. Нека му служи на чест тоа што нас, кои сме дале многу за македонскиот фудбал, нè става во категорија „стаорци“. Тоа повеќе зборува за него отколку за нас“.
„Искрено, не е име и презиме што заслужува реакција од моја страна, но ова што се обидува да го наметне ја надминува секоја мера. Македонскиот фудбал нема потреба од поделби, навреди и лични фрустрации, туку од почит, одговорност и поддршка за репрезентацијата“.






