понеделник, 15 декември 2025
Ќе заработува шест пати поголема плата

Најдобриот стрелец во Серија А се сели во Саудиска Арабија за речиси 70 милиони евра

Саудиска Арабија реализира уште еден голем трансфер, најдобриот стрелец во Калчото минатата сезона, Матео Ретеги се сели во Ал Кадсија во зделка вредна речиси 70 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Саудиска Арабија продолжува да се расфрла со пари за да привлече што е можно поголем број на квалитетни фудбалери, последната аквизиција е Матео Ретеги.

Аргентинецот, кој реши да ги брани боите на Италија, минатата сезона беше најдобар стрелец во Калчото со 25 погодоци, го привлече вниманието на многу клубови, но најдобрата понуда пристигна од Ал Кадсија.

Аталанта и Ал Кадсија синоќа си подале рака за трансфер вреден речиси 70 милиони евра, што ќе биде втората најскапа продажба во историјата на „црно-сините“ од Бергамо.

Што се однесува до платата на Матео Ретеги, напаѓачот ќе добие 20 милиони евра по сезона, што е шест пати повеќе од тоа што го заработува во моментов.

ФОТО: X/Atalanta B.C.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ