недела, 7 декември 2025
Секој ракометен фант може да го даде глас за својот фаворит

Најдобриот ракометар и ракометарка се бираат со „лајкови“ (ФОТО)

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) соопшти дека навивачите може да ги одберат најдобриот ракометар и ракометарка за 2025 година со стискање на лајкови на Фејсбук профилот.

Објавено на

часот

Сподели

Во конкуренција за најдобар ракометар се: Филип Кузмановски, Никола Митревски, Томислав Јагуриновски, Милан Лазаревски, Петар Атанасијевиќ, Игор Ѓоргиев, Иван Галевски, Дамјан Субашевски, Мартин Серафимов, Ненад Костески, Марко Митев, Александар Петковски, Павле Атанасијевиќ и Жарко Пешевски.

Фотографии од овие ракометари се постирани на Фејсбук профилот на РФМ, а оној кој ќе добие најмногу лајкови ќе биде избран како најдобар од публиката.

Победникот ќе биде соопштен на 01.11.2025 година, на Гала вечерта “Ракометари на годината 2025”.

По истиот принцип се бира и најдобрата ракометарка од публиката, а во конкуренција се: Марија Јанкуловска, Симона Грујовска, Теодора Гулицоска, Ана Марија Коларовска, Андреа Илиќ, Бојана Коцева, Борјана Коцева, Емилија Ризоска, Катерина Дамјановска, Марија Анчева, Марија Гугуљанова, Стефанија Ѓорѓиевска, Теодора Дукоска и Хана Мифтари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ