Швајцарскиот скијач победи на спустот во Бормио со убедлива предност пред конкуренцијата. Фон Алмен забележа време од 1:51,61 минута.
Сребрен медал на спустот обезбеди италијанскиот натпреварувач Џовани Францони, додека подиумската тројка ја комплетира Диминик Париз исто така од земјата домаќин.
Изненадувачки без медал остана најдобриот алпски скијач Марко Одермат кој заврши како четвртопласиран.






