понеделник, 15 декември 2025

На шпанска спортистка во Скопје ѝ падна дел од таванот во бањата (ВИДЕО)

Шпанската спортистка, Ана Естрела де Леон која учествува на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) кој се одржува во Скопје, сподели снимка која воопшто не е пријатна за организаторот.

Објавено на

часот

Сподели

Таа на социјалната мрежа „ТикТок“ објави видео од кое се гледа дека паднал поголемиот дел од плафонот во купатилото.

„Не поминаа ни 72 часа, а веќе падна покривот од бањата“, напиша таа под видеото и додаде „Уникатно искуство“.

@anaestrellaa_ JAJAJAJA no tenemos ni más de 72h y ya se nos cae el techo #macedonia🇲🇰 #juegosolimpicosjiveniles #techo ♬ Jet2 Advert – ✈️A7-BBH | MAN 🇬🇧

Во првите денови од настанот има многу поплаки за организацијата. Странските спортисти се жалат на нередовниот градски превоз, сместувањето, неклиматизираните соби и објекти како салата во Куманово, има поплаки за хигиената…

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ