Милан ова лето мора да продава за да ги балансира сметките откако не беше обезбеден настап во Лигата на шампиони, но на „росонерите“ може да им се случи распад и да останат без неколку клучни играчи кои беа носители на играта изминативе години.
Тиџани Рајндерс е пред трансфер во Манчестер Сити вреден околу 70 милиони евра, Тео Ернандез преговара со неколку клубови, а голманот Мајк Мењан доби понуда од Челси и побара од Милан да му овозможат преселба на Стемфрод Бриџ.
Последните информации велат дека и Рафаел Леао го известил раководството дека сака да замине од „Сан Сиро“.
Португалецот е под договор до 2028 година и има откупна клаузула од 175 милиони евра, но ниту еден клуб нема да плати ваква сума.
Во Милан се свесни за ова, па се шпекулира дека тие ќе бараат понуди над 70 милиони евра, и тоа загарантирани.
ФОТО: X/Milan