Фановите почнуваат да не веруваат дека Ѓоковиќ ќе може да освои уште некој голем турнир, но тој верува дека ќе се врати во препознатливата форма.
„Поголем дел од животот го поминав играјќи тенис и тоа го правам од најмали нози. Вложив многу во овој спорт и морам да признаам дека тоа се исплатеше. Во овој момент предизвикувачки ми е да играм на нивото на кое бев кога бев најдобар. Мислам дека можам повторно да бидам на тоа ниво“, изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ ќе го пропушти турнирот во Рим, фокусот ќе го стави на Ролан Гарос, целта му да го освои својот 25. грен-слем турнир.
„Тенисот е спорт во кој ви треба победнички менталитет. Никогаш не смеете да бидете задоволни, бидејќи кога ќе бидете, тогаш треба да го оставите рекетот на страна. Сепак, јас не се чувствувам како да ми е доста“, порача Новак.