Тоа беше меч од квалификациите за Светското првенство, се играше во Дуизбург пред празни трибини поради Короната.
Пандев во судиското продолжение од првото полувреме донесе водство за Македонија, со предност отидовме на одморот.
Германците со гол од пенал на Гундоган го изедначија резултатот на 1-1 во 63. минута од мечот.
Се надеваа на комплетен пресврт, но во финишот им приредивме нов шок, Елмас даде гол во 85. минута за наша победа од 2-1.
Денеска на овој ден играме со Ирска во Даблин, па нека биде нова победа за македонската селекција.






