вторник, 10 март 2026

На 76-годишна возраст почина поранешниот фудбалски судија Васил Кировски – Џери

Македонскиот фудбал се прости од познатото судиско име Васил Кировски – Џери, кој почина на 76 години.

Објавено на

часот

Сподели

Кировски првите фудбалски чекори ги направи како играч во ФК Миг, денешно ФК Скопје, но на 21 година реши да се посвети на судиската професија. Неговата кариера бргу напредуваше, па стигна и до Првата лига на поранешна Југославија.

Популарниот Џери беше носител и на ФИФА значка, а делеше правда и на натпревари од Купот на шампионите, денешната Лига на шампиони. По осамостојувањето на Македонија продолжи активно да биде дел од домашниот фудбал.

И по завршувањето на судиската кариера остана поврзан со спортот како контролор и ментор на новите генерации судии. Љубовта кон фудбалот ја пренесе и на своите синови, Марјан Кировски, поранешен ФИФА судија асистент, и Христијан Кировски, поранешен фудбалер кој денес работи како тренер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ